Како една изјава на Дајч од пред шест месеци стана актуелна пред дуелот помеѓу Нотингем и Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање

Нотингем Форест во сабота го пречекува Манчестер јунајтед, а во пресрет на натпреварот една изјава на Шон Дајч од пред шест месеци се најде во фокусот.

Во мај месец, кога Шон Дајч работеше како стручен коментатор, рече дека ќе забележи повеќе победи со Манчестер јунајтед отколку Рубен Аморим само со тоа што би играл со формација 4-4-2.

Па овие коментари станаа актуелни во пресрет на пресметката помеѓу Нотингем Форест и Манчестер јунајтед во сабота.

Рубен Аморим никогаш не го послуша Дајч и останатите стручни коментатори, инсистираше на неговата формација 3-5-2, и по долго мачење, „ѓаволите“ сега врзаа три победи во низа и се многу блиску до топ четири.

„Видите, едно е Шон Дајч како стручен коментатор, а друго е како тренер“ – вели Рубен Аморим.

„Кога сте стручен коментатор, мора да бидете жесток, во спротивно никој нема да ве гледа! Па разбирам дека тогаш имаше друга работа и мораше да го каже тоа, но исто така знам дека тренерот Шан Дајч е навистина паметен и знае како да го постави тимот“.

Самиот Шон Дајч сега рече: „За жал „кликбејтот“ убива во денешно време. Ја менува целата приказна“.

„Целиот фокус беше ставен на тоа дека ќе забележам повеќе победи, а не и на тоа дека сакам на тренерите да им се даде време, дека им е потребно барем половина сезона пред во континуитет да работата на своите замисли, но за жал никој не го вметна ова во целата приказна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×