Подолго време се
шпекулира дека Еден Азар летоска ќе се пресели во Мадрид. Наводно тој веќе има
договор со Реал и преостанува само уште двата клуба да постигнат договор за
висината на трансферот. „Сините“ бараат 100 милиони фунти, додека пак
„кралевите“ не сакаат да платат повеќе од 80 милиони.
Белгиецот синоќа
го реализираше пеналот со кој Челси си обезбеди финале од Лига Европа, и
многумина веруваат дека ова е последниот голем потег на Еден Азар на Стемфорд
Бриџ.
Шпански новинар
од ТВ шоуто Ел Чирингито се обиде да извлече некој збор од Еден Азар, кој
умешно го одбегна прашањето. Тој во живо пренесуваше како играчите на Челси
заминуваат од микс зоната на Стемфорд Бриџ, па откако со поздвари во
плејмејкерот го праша, „Дали ќе играш во Мадрид следната сезона?“.
Фудбалерот
наместо да одговори нешто, со раката покажа кон увото и му порача дека не го разбира. Откако Азар замина, новинарот продолжи да му довикува „Се гледаме во Мадрид“.
Прашање за својата
иднина Еден Азар доби и од новинарот на БТ на редовната должност со медиумите,
и тој само истакна дека во фокусот му се последните мечеви од сезоната.
„Мислам само на
тоа како да освојам трофеј за овој клуб и овој состав. Доколку финалето биде
мојот последен натпревар, ќе се обидам да го дадам максимумот. Доколку не биде,
ќе видиме што ќе се случи. Се уште немам ништо на ум. Мислам само на тоа како
да победам на натпреварите, ништо повеќе“ – истакна Азар.
Se hace el loco says El Chiringuito. Must be about the man he shakes hands with. pic.twitter.com/U1Ii7BTvSv
— Kristof Terreur (@HLNinEngeland) May 10, 2019