Кепа направи
голем инцидент против Манчестер Сити во финалето од Лига купот откако одби да
биде заменет во последните мигови од мечот. Иако Сари објаснуваше дека
настанало недоразбирање, Челси вчера го казни Шпанецот со 190.000 фунти, а тој
денеска беше изоставен од старниот тим за дербито со Тотнем.
Вили Кабаљеро
стоеше помеѓу стативите, искусниот голман ја зачувасвојата мрежа и помогна
„сините“ да стигнат до триумф од 2-0 и да ја продолжат битката за топ четири
пласман.
По крајот на
мечот, Аргентинецот откри како реагирал Кепа на одлуката да бдие резерва против
„спарси“.
„Среќни сме со
победата. Ова е голем резултат по последниот натпревар. Треба да уживаме во
триумфот бидејќи вложуваме голем напор на секој натпревар“ – вели Кабаљеро.
„Задоволен сум
што ја сочував мрежата. Разговаравме за тоа што се случи изминатиов викенд, добрата
вест е тоа што Кепа беше фантастичен денеска, ми даде поддршка. Тој научи од
грешката, сите научивме од грешката и му благодарам за поддршката“.