Јувентус во пол позиција за потписот на Ремси, интерес има и од Ливерпул и Челси

by
1 минути читање

Се чини дека
заминувањето на Ремси од Арсенал по цели десет години минати во дресот на
Топчиите е се поизвесно, Дејли Мејл денес извести дека Ливерпул и Челси пријавиле
голема заинтересираност за услугите на Велшанецот, но тие веќе имаат
конкуренција од Италија.

Освен двата
Премиерлигаши, и Јувентус би можел да дојде до договор со Велшанецот, а тоа би
можело Старата Дама да го стори уште во јануарскиот преоден рок, ако се земе во
предвид дека неговиот договор со Арсенал истекува идното лето.

Јувентус е се
чини фаворит за потписот на Ремси, како клуб вон Островот, Старата дама може да
преговара за договор уште во јануари, тоа не важи за Ливерпул и Челси кои
доколку посакуваат таква опција, ќе мораат да исплатат обештетување на Арсенал,
или да чекаат до летниот преоден рок за да стартуваат со преговорите.

Се шпекулира дека
Јувентус е блиску до посакуваните услови кои Ремси ги има, а тие се 250.000
фунти неделна плата, а Старата дама сигурно би му гарантирала на Велшанецот
прилика да биде дел од почетниот состав на екипата во битката за титулата во Серија
А, како и место во натпреварите од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани