107
Јувентус утре му гостува на РБ Лајпциг во Лигата на шампиони, а како што пренесуваат медиумите од Италија, оваа прилика ќе биде искористена да се опипа терен за ангажман на двајца играчи.
Во рамките на 2. коло во Лигата на шампиони, „старата дама“ утре му гостува на РБ Лајпциг.
Оваа средба ќе биде искористена да се опипа терен за ангажман на двајца играчи.
Првото име во бележникот на Јувентус е дефанзивецот Кастељо Лукеба, кој со месеци е следен од скаутите.
Второто име на радарот е Бенјамин Шешко, кој е идентификуван како потенцијална замена за Душан Влаховиќ, во случај да не биде постигнат договор со Србинот за нова соработка и тој да биде продаден.