Јувентус со рутинска победа над Палермо за +10 на табелата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во првиот
натпревар од 25. коло во Серија А, шампионот Јувентус со убедливи 4-1 го
совлада Палермо на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски.

„Старата Дама“
без многу мака стигна до нови три бода со кои отиде на +10 на врвот на
табелата.

Маркисио во 13.
минута го отвори резултатот, а Дибала со прекрасен гол од слободен удар зголеми
на 2-0 кон финишот на првиот дел.

Игуаин се запиша
во листата на стрелците во 63. минута за 3-0 а Дибала одново погоди во
завршницата од средбата за 4-0.

Во судиското
надополнување Чочев постигна само почесен гол за гостите.

Илија Несторовски
на теренот помина 90 минути, додека пак Александар Трајковски средбата ја
проследи од клупата за резерви.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани