Јувентус службено го доби дербито, на Наполи дополнително му е одземен и бод

by
1 минути читање

Минатата недела
предвидено беше да се одигра дербито на третото коло во новата сезона од
италијанската Серија А, помеѓу шампионот Јувентус и Наполи, меѓутоа средбата не
го дочека ниту првиот судиски свиреж.

Поради двата
позитивни случаи на ковид-19, меѓу кои се најде и нашиот Елиф Елмас, од Наполи
излегоа со тврдење дека локалните здравствени власти не им дозволуваат да
излезат од зоната и да заминат на гостувањето во Торино.

Од Јувентус
одлучија да излезат на теренот и да го сочекаат гостинот, кој остана на таа
одлука, па така овие настани се сведоа на маса кај дисциплинската комисија при
италијанскиот фудбал, која на крајот и дефинитивно одлучи „Старата дама“ да го
добие мечот по службен пат со 3-0.

Освен службениот
пораз, на Наполи дополнително ќе му биде одземен и еден бод, а образложението
на дисциплинската комисија гласи дека составот на Гатузо имал услови да го
одигра дербито во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани