Јувентус скокна во одбрана на Роналдо и си постигна автогол (ФОТО)

by
3 минути читање

Изминативе
денови, Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието поради погрешни причини.
Катрин Мајорга си ја отвори душата и раскажа како Кристијано Роналдо ја силувал
во 2009 година.

Оваа сторија прев
пат беше откриена пред година ипол, кога од документите кои ги објави „Фудбал
Ликс“ новинарите забележаа дека ЦР7 и неговите адвокати исплатиле 375.000
долари на девојка од САД да молчи.

Кристијано
Роналдо ги негираше ваквите обвинувања, најпрво ги нарече „фејк њуз“ а потоа
испрати и соопштение во кое порача дека неговата совест е чиста и спокојно ги
чека резултатите од истрагата.

Вечерва зад играчот застана и Јувентус, шампионот на Италија му даде поддршка
на својот најскап трансфер и фудбалер со најголема плата.

„Кристијано
Роналдо изминативе месеци покажа голема професионалност и посветеност, и сите
во Јувентус го ценат ова“
– гласеше краткото соопштение на Твитер.

„Настаните кои
наводно се случиле и датираат од пред скоро 10 години не го менуваат ова
мислење, кое го делат сите оние кои сптаиле во контакт со овој голем шампион“.






Овој потег на
Јувентус е очекуван, но според многумуна „Старата Дама“ си постигна автогол бидејќи
малку ја погреши пораката која сакаше да ја испрати.

Никој не се
сомнева во професионализмот и посветеноста на Кристијано Роналдо, токму ваквиот
карактер на Португалецот го направи еден од најдобрите фудбалери на денешницата
и во историјата.

Исто така, тоа
што настанот се случил пред 10 години не ја намалу неговата значајност, без
разлика дали е вистинит или не. Да се каже дека нешто се случило пред една
декада не е олеснителна околност. Исто така, тоа што многумина имаат
високо мислење за играчот, не значи дека тој не може да стори кривично дело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани