Јувентус пријавил
интерес за можноста да го врати Пол Погба назад во својот состав, а имало и
одредени разговори со челниците на Манчестер јунајтед изминатиов месец.
Metro пишува дека
Бјанконерите разговарале со претставниците на Премиерлигашот во Торино во
пресрет на нивниот меѓусебен дуел во Лигата на шампионите, а воедно ја
разгледале опцијата да го вратат Французинот во својот состав, од каде замина
на Островот.
Се чини дека
Јувентус силно посакува да го врати Погба, а упатиле и молба до Премиерлигашот
да бидат постојано информирани за неговата иднина на Олд Трафорд.
Извесно е тоа
дека доколку постои опција Погба да си замине од Олд Трафорд, првиот што би ја
добил таа информација од Премиерлигашот за евентуален таков план, да го извести
токму Јувентус.