По најавите на медиумите дека е постигнат договор помеѓу Јувентус и Џонатан Давид, на социјалните мрежи се огласи Душан Влаховиќ и испрати пораки кои лесно можат да се протолкува.
Голем број на извори денеска објавија дека Јувентус си подал рака со Џонатан Давид, кој ќе се пресели во Торино како слободен играч.
Напаѓачот ќе има плата од 6 милиони евра по сезона, плус додатни 2 милиони евра во бонуси, а неговиот агент ќе добие провизија помеѓу 12 и 15 милиони евра.
Набргу по веста дека „старта дама“ се договорила со Џонатан Давид, Душан Влаховиќ се огласи на социјалните мрежи и испрати пораки кои лесно можат да се протолкуваат.
Тој објави две фотографии, едната со бројот 9, а другата со натписот „devet“ односно 9 на српски, очигледно Душан Влаховиќ сакаше да покажа дека „9ката“ се уште му припаѓа нему.
Останува да се види како ќе се разреши оваа трансфер сапуница, Јувентус очајно сака да го продаде Србинот ова лето со цел голгетерот да не замине беспари по 12 месеци.
Dušan Vlahović via IG. pic.twitter.com/L5lURpKKQV
— Forza Juventus (@ForzaJuveEN) July 2, 2025
ФОТО: X/JuventusFC