Јувентус сака повторно да ги обедини Роналдо и Рамос

by
1 минути читање

Серхио Рамос во јуни 2021 година ќе биде слободен играч доколку во меѓувреме не потпише нов договор со Реал Мадрид.

Засега преговорите меѓу двете страни не се одвиваат добро, тие се стопирани, Реал Мадрид не сака да ги исполни барањата на централниот дефанзивец.

Јувентус ја следи целата ситуација и е подготвен да реагира. Рамос иако има 34 години, се уште игра на највисоко ниво, а старата дама е позната по тоа што знае да ги донесе играчите со истечени договори.

Но, Јувентус не е единствен заинтересиран за Рамос, ПСЖ исто така подготвува понуда за играчот кој веќе има 174 настапи за Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани