Јувентус е
сериозен во намерите да дојде до потписот на Марко Асенсио во летниот преоден
рок, откако италијанскиот првак веќе остварил контакт за офанзивецот, според
известувањата од Италија.
Претходно 23
годишниот Асенсио се поврзуваше со Интер, а подолг период за него се вели дека
на лето ќе си замине од Сантијаго Бернабеу, каде повеќе нема некоја позначајна
улога.
Асенсио не беше
дел од почетниот состав кој Солари го изведе на Ел Класико, во поразот од
Барселона, а тоа беше 17ти пат оваа сезона младиот офанзивец да почне меч од
клупата за резервни фудбалери.
Тутоспорт тврди
дека Јувентус, кој минатото лето го донесе Роналдо во Торино, веќе пријавил
сериозен интерес за да утврди какво е расположението кај Реал Мадрид во однос
на обештетувањето за фудбалерот кој има важечки договор до 2023. година со
шпанскиот гигант.