93
За време на репрезентативната пауза, Кристијано Роналдо се зарази со коронавирус, иако се надеваше дека ќе биде подготвен за дуелот со Барселона, сепак тоа не се случи.
Роналдо подолго време не можеше да добие негативен тест, а фрустрациите ги покажуваше и на социјалните мрежи. Јувентус сега потврдува дека Португалецот конечно е негативен на ковид-19.
„Кристијано Роналдо направи нов тест за ковид-19. Тестот покажа негативен резултат. Фудбалерот се опорави по 19 дена и веќе не е во домашна изолација“, стои во соопштението на Јувентус.