Јувентус подготвува 120 милиони евра за фудбалер кој и не е многу познат?

by
1 минути читање

„АС“ пишува дека Јувентус е подготвен да ја плати откупната клаузула за офанзивниот фудбалер на Бенфика, Португалецот Жоао Феликс.

Сумата изнесува 120 милиони евра иако фудбалерот има само 19 години.

Весникот пишува дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе имал разговори со претседателот на Бенфика Луис Фелипе Виеира и агентот на Феликс, познатиот Жорге Мендеш.

Жоао Феликс постигна 11 голови и имаше шест асистенции за Бенфика оваа сезона, еден од нив е и водечкиот гол против Порто во саботата.

„АС“ исто така пишува дека Јувентус е заинтересиран и за дефанзивецот на Бенфика, Рубен Диас кој се проценува на околу 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани