Јувентус победи во Порто и веќе размислува на четвртфинале, Севиља славеше над Лестер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус оствари голема победа во Порто и со една нога е веќе меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Натпреварот за Порто тргна лошо уште во 27. минута кога Телес доби втор жолт картон и го остави неговиот тим со фудбалер помалку.

Јувентус ја зголеми иницијативата, а тоа вроди во плод во 72. минута кога нововлезениот Пјаца постигна гол за водство од 1-0.

Само две минути подоцна Дани Алвеш реализираше за конечни 2-0, резултат кој Порто тешко може да го надополни во Торино.

Севиља победи со 2-1 против Лестер, предност за шпанскиот клуб, но резултат од кој може да биде задоволен и англискиот шампион.

Возбудувањата почнаа да се случуваат од 14. минута, кога Кореа не реализираше удар од белата точка.

Но само десетина минути подоцна Сарабиа постигнува погодок за водство на Севиља од 1-0, а во 62. минута Кореа се искупи за промашениот пенал и зголеми на 2-0.

Надеж за Лестер дека може да биде севкупен победник донесе Џејми Варди кој постигна гол на 15 минути до крајот за конечни 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани