Роналдо не го започна дербито против Лацио бидејќи не е 100 проценти фит, па ќе одмара од овој дуел.
Се очекуваше тој да не биде ниту во составот, но одлучено е да седи на клупата, можно е и да влезе во игра доколку на Јувентус не му оди најдобро.
Статистиката од оваа сезона вели дека Јувентус не победил на меч на кој не играл Роналдо.
На трите натпревари на кои Роналдо не настапи оваа сезона во Серија А, Јувентус одигра нерешено, тоа беа дуелите против Кротоне, Верона и Беневенто.
Тој по вторпат е на клупата оваа сезона, првиот пат беше против Специја кога на Јуве не му одеше, но потоа Роналдо влезе, даде два гола и беше главен во победата од 4-1.
Можеби поради оваа статистика Роналдо не е целосно надвор од тимот, туку седи на клупата и можеби ќе влезе.