Откако Наполи не доби дозвола да отпатува за Торино и се упатува на тоа дека натпреварот против Јувентус ќе биде одложен, се огласи шампионот на Италија.
Јувентус испрати кратко соопштение во кое се вели дека тие немаат намера да го одложат мечот против „наполитанците“.
„Јувентус сака да извести дека првиот тим ќе истрча на терен за утрешниот дуел помеѓу Јувентус и Наполи со почеток во 20:45 часот, термин утврде нод Серија А“ – се вели во соопштението.
Се верува дека „старата дама“ на овој начин сака да изврши притисок Наполи да се појави, или доколку не се појави, домаќините да слават со службени 3-0.
Наполи пак смета дека протоколот на здравствените власти е над спортските протоколи. Тие имаат забрана за патување од локалните здравствени власти со цел да се спреши ширење на заразата.