Аталанта беше на чекор до победа во Торино против Јувентус, водеа од 33. минута со гол на Иличиќ, но Манџукиќ на десет минути до крајот со еден интересен гол го изедначи резултатот на 1-1, што беше и конечен исход на мечот.
Интер доживеа тежок пораз во Неапол каде Наполи победи со убедливи 4-1. Тимот на Карло Анчелоти имаше водство и од 4-0 со голови на Зиелински, Мертенс и два на Руиз. Во финишот од мечот Интер со гол од пенал на Икарди само го ублажи високиот пораз.
Аталанта е на третата позиција со 66 бода колку што има и Интер, Милан е зад нив со 65 бода. Росонерите се надеваат дека вечерва Јувентус ќе победи па тие сами ќе си ја решаваат судбината во последното коло, но тоа не се случи.
Аталанта го пречекува Сасуоло, а Интер игра дома против Емполи во последното коло, за Милан да оди во Лигата на шампионите некој од овие две екипи не треба да победи, а Росонерите да го совладаат СПАЛ на негов терен.