23 годишниот
Италијанец е прв стрелец во Серија А, со хет-трикот против Палермо во неделата
стигна до бројката од 22 погодоци.
Со добрите игри
Андреа Белоти го привлече вниманието на најголемите клубови, а помеѓу нив е и
Јувентус.
Генералниот
директор на „Старата Дама“, Бепе Марота признава дека Андреа Белоти е одличен
играч но тие веќе имаат супер напад па популарниот „Петел“ не им е потребен.
„Белети е одличен
играч, топ голгетер” –
вели Марота. „Му посакувам многу среќа и успех”.
„Го следиме
бидејќи обожаваме убав фудбал, но веќе имаме супер напад”.
Во договорот на
Андреа Белоти има откупна клаузула од 100 милиони евра, но Јувентус и да сака
не може да го повтори случјот со Игуаин, клаузулата важи само за клубови надвор
од Италија.