Јувентус му одговори на Наполи: И ние сме биле жртви на судиски неправди па не сме се бунеле

by
2 минути читање

Јувентус обезбеди
солидна предност по првиот натпревар во полуфиналето од Купот на Италија откако
вчера со 3-1 пред своите фанови славеше во дуелот со Наполи.

Но средбата не
помина без полемики, гостите обвинија дека биле оштетени од судијата Валери,
кој во два наврати покажа на белата точка во корист на „Бјанконерите“.

Од таборот на
Наполи остро удрија по судиите, но во Јувентус сметаат дека нема потреба за
нешто такво.

„Ќе им оставам на
другите да коментираат за овие епизоди, според мене натпреварот беше добар и
точка
– вели спортскиот
директор на „Старата Дама“, Фабио Паратичи.
„Зборуваме
залудно
.

„И ние сме биле во ситуации кога судиските одлуки биле против нас. Во Минхен бевме
елиминирани од Лигата на Шампионите со спорни одлуки
.

„Ги прифативме и
почнавме од почеток
.

„Тој е
единствениот начин да се справите со вакви моменти
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани