Договорот на Месут Озил истекува по крајот на оваа сезона, а кога е во прашање ангажманот на слободни трансфери, Јувентус е шампион на пазарот.
Последните шпекулации велат дека претставници на Озил се сретнале со луѓе од Јувентус за евентуален трансфер на поранешниот германски репрезентативец во италијанскиот шампион.
Едната опција е Озил да отиде во Јувентус после 30 јуни како слободен играч, втората е да биде позајмен од Арсенал во јануари до крајот на сезоната а потоа да потпише перманентен договор со старата дама.
Во втората ситуација Јувентус би му плаќал половина од платата, а другата половина би била обврска на Арсенал до крајот на оваа сезона. На ваков начин лондонскиот клуб ќе заштити дел од финансиите кои треба да ги даде за фудбалер кој и онака не игра.
Озил добро се познава со Роналдо со кој одлично соработуваше во Реал Мадрид, па и тоа може да биде еден од адутите за негов трансфер во Јувентус.
Во меѓувреме Озил напорно тренира иако Микел Артета не смета на него и го отстрани од првиот тим.