Напаѓачот еден период беше во ко-сопственост на Јувентус и
Сасуоло, но во јуни 2015 по трансферот на Симоне Ѕаѕа во Торино, Сасуоло во
целост го откупи договорот на Доменико Берарди.
Сепак, двата
клуба постигнаа џентлменски договор, „Старата Дама“ да го купи напаѓачот во
2016.
„Бјанконерите“ не
ја искористија оваа опција минатото лето, но лидерите на клубот во неколку
наврати порачаа дека имаат сè под контрола и ќе го ангажираат Доменико Берарди.
Сепак, последните
информации на медиумите од Италија велат дека Интер успеал да го украде
Италијанецот од пред носот на лутиот ривал.
Ил Џорнале пишува
дека „Нераѕурите“ веќе ги обезбедиле услугите на 22 годишниот Доменико Берарди
а играчот ставил потпис на договор кој ќе се активира на 1. јули.
Весникот вели
дека Сунинг ќе инвестира 200 милиони евра во засилувања, а Доменико Берарди е
првото ново име кое летоска ќе пристигне на Џузепе Меаца.