212
Според
известувањата што пристигнуваат од Шпанија, се вели дека Јувентус, Интер и
Барселона се во преговори за потписот на 32 годишниот напаѓач Серхио Агуеро,
чиј договор со Манчестер Сити истекува на лето.
Самиот Агуеро
пред извесен период во една изјава потврди дека не е сигурен во тоа дали ќе остане
во составот на „Граѓаните“, а „Ел Чиринкито“ објави дека трите горе наведени
клуба веќе почнале преговори за неговиот потпис.
Аргентинецот во
новата сезона постигна два гола во девет настапи во сите конкуренции за „Граѓаните“,
веќе се рехабилитираше од повредата и се врати на располагање на Пеп Гвардиола,
а беше и позитивен на ковид-19 што дополнително го оневозможи да му помогне на
својот тим.