Доцна синоќа новинарот Афлредо
Педула од Спортиталиа пренесе дека Челси ќе го исполни ветувањето дадено кон
Маурицио Сари од пред неколку недели и ќе го ослободи од договорот.
Слична сторија
потоа објавија речиси сите медиуми од Италија. Во Лондон имало состанок
помеѓу агентот Фали Рамадани, директорката Марина Грановскаја и Маурицио Сари. Италијанецот
побарал да замине, па „сините“ ќе му дадат одврзани раце да потпише за
Јувентус.
Според Ла Стапма,
„Старата дама“ има подарок за Челси за ваквиот гест, и ќе им
даде попуст на „сините“ доколку одлучат да го задржат Гонзало Игуаин на
позајмица.
Сепак, тешко за
верување е дека Аргентинецот ќе остане во Лондон без Сари со оглед на тоа дека
пристигна во јануари токму на инсистирање на Италијанецот.