Пред некоја
седмица одредени медиуми пренесоа дека владее голем револт во соблекувалната на
Баерн Минхен, а најгласен како најнезадоволен од политиката на тренерот на
Баварците, Нико Ковач бил Хамес Родригез.
27 годишниот
Колумбиец има важечки договор со Реал Мадрид до 2021. година, а дали Баерн
Минхен ќе ја искористи опцијата да го откупи целосно неговиот договор, ако се
земе во предвид дека до идниот јуни е предвидено да биде на позајмица во
Бундеслигашот, останува да видиме.
Тутоспорт
известува дека Наполи и Јувентус, главните претенденти и сезонава за титулата
во Серија А, веќе пријавиле интерес за Хамес, а истиот медиум додава дека шефот
на стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти би можел да го убеди Колумбиецот да
потпише за неговиот тим.
Од друга страна
пак, Јувентус се надева дека ќе дојде до добри позиции во евентуалните
преговори за Хамес со оглед на одличниот однос кој го имаат со неговиот агент,
Жорге Мендеш.
Засега не се
почнати преговори од ниту една од двете екипи, но извесно е дека и Јувентус и
Наполи веќе тргнале во обидот да дојдат до потписот на Колумбиецот, а останува
дилемата околу неговата иднина во тимот од Минхен, дали ќе си замине во
јануари, или по истекот на сезоната, или на крајот ќе остане.