Италијанскиот Суперкуп каде на теренот за престижната победа ќе се борат Јувентус и Наполи ќе се одигра на 20 јануари, поточно идната среда, потврдија од Италија.
Де Лаурентис повторно бега од дуел со Јувентус, бара да не се игра Суперкупот на Италија
Постоеа одредени шпекулации низ медиумите каде се наведуваше дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис барал тој натпревар да се одигра во мај.
„Тоа беше само провокација, распоредот на натпревари е веќе заклучен, обврските кои се на сите клубови ќе мора да се испочитуваат“ рече првиот човек на Серија А, Луиџи Де Сиерво.
Јувентус и Наполи ќе ги одмерат силите на неутрален терен на арената „Мапел“ во Реџо Емилиа, инаку дом на италијанскиот прволигаш Сасуоло.