Јувентус без проблеми и против Видад: „Старата дама“ обезбеди осминафинале на СКП (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус со уште една победа на Светското клупско првенство, сега над мароканскиот Видад од 4-1 го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Победата италијанскиот гигант ја најави уште во почетните минути прво Бутоли си постигна автогол во шестата минута, а десет минути подона Кенан Јилдиз постигна убав гол за 2-0.

Се играше 25. минута кога Лорч го намали резултатот на 2-1 и тоа беше резултатот со кој се замина на полувремето.

Во вториот дел „старата дама“ одигра колку што е потребно за да ја потврди победата. На 20-тина минути пред крајот Јидлиз постигна втор гол за 3-1, додека конечниот резултат го постави Влаховиќ со гол од пнеал во самата завршница.

Ќе потсетиме, во првото коло Јувентус славеше со 5-0 против Ал Аин.

Јувентус во последното коло од групната фаза ќе се соочи со Манчестер сити кој исто така ако слави против Ал Аин ќе го обезбеди местото во следната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×