Експертот за трансфери, Алфредо Педулиа, пишува дека спонзорите на Погба можат да ја одиграат клучната улога во враќањето на Погба во Торино.
Тој има договор со Манчестер јунајтед до 2021 година и заработува околу 15 милиони евра по сезона, но прави се што може за да си замине од Олд Трафорд каде не е среќен.
Според последните информации од Италија, Јувентус и Погба ќе побараат помош од Адидас кој има богат договор со италијанскиот шампион до 2027 година.
Адидас треба финансиски да го помогне враќањето на Погба во Јувентус кое е тешко изводливо особено ако клубот го купи и дефанзивецот на Ајакс, Матијс де Лихт кој исто така е скапо засилување.
Манчестер јунајтед бара 150 милиони евра за Погба, а интерес за него има и од Реал Мадрид.