144
Оваа сезона често
има конфликти помеѓу тренерот Масимо Алегри и играчите, последен во низа е
инцидентот на дуелот со Палермо во петокот.
И покрај тоа што
„Старата Дама“ лесно со 4-1 се загреа за дуелот со Порто во Лигата на
Шампионите, Леонардо Бонучи влезе во расправија со Масимо Алегри.
Двајцата за
кратко време се помирија, но лидерите на клубот решија дека е време да повлечат
линија.
Па наместо да го
премолчат инцидент, како во случајот со Пауло Дибала, тие парично го казниле
Леонардо Бонучи.
Се верува дека
„Бјанконерите“ со овој потег сакаат да испратат сигнал до другите играчи и да
спречат и во иднина да се појавуваат вакви немили сцени.