Јунајтед не може да се носи со Сити за Андерсон, но уверен дека ќе го добие потписот на Матеуш Фернандеш

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ немаат намера да наддаваат со лутиот ривал Манчестер Сити за ангажман на Елиот Андерсон од Нотингем Форест, но се убедени дека можат да ја добијат трката со Арсенал за потписот на Матеус Фернандеш.

Мајкл Керик бара барем две засилувања за средниот ред, Едерсон од Аталанта ќе биде едното, а неколку опции се за второто.

Една од нив е Елиот Андерсон од Нотингем Форест, но Манчестер Сити силно притисна за неговите услуги и на маса стави преку 120 милиони фунти.

„Шумарите“ инсистираат на 130 милиони фунти, па „ѓаволите“ немаат намера да наддаваат со лутиот градски ривал и се насочуваат на други цели.

Како што објави Тајмс, Манчестер јунајтед е фаворит за потписот на Матеуш Фернандеш од Вест Хем.

Арсенал исто така го мерка Португалецот, но клубот од Олд Трафорд е убеден дека ќе ангажира Португалецот во зделка вредна околу 80 милиони фунти.

На оваа тема, Фабрицио Романо рече дека „ѓаволите“ подолго време се во контакт со агентот на Матеуш Фернандеш и наскоро ќе отворат официјални преговори со „чеканите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×