Јовиќ во чудење: Понекогаш гледам видеа од мене на „ЈуТјуб“, се прашувам што се случи?

by
2 минути читање

Реал Мадрид го
ангажираше Лука Јовиќ, меѓутоа остана дилемата колку „Кралевите“ во Србинот
видоа нешто повеќе од резервна опција за незаменливиот Карим Бензема, а младиот
напаѓач не ги користи ниту приликите кога добива шанса од првата минута, што се
потврди и на последниот меч од таков карактер.

Јовиќ не крие
дека не е среќен, тој вели дека знае дека може подобро од сево ова, а во чудење
е кога ќе си ги гледа видеата од себе од минатата година.

Искрено, не сум
среќен од сезоната, барем не досега. Прво, поради фактот што знам дека можам
подобро од ова. Понекогаш на „ЈуТјуб“ гледам видеа од мене ланската година, а
потоа се прашувам себе си што се случи?
“ вели Јовиќ, алудирајќи на
неверојатните настапи во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.

Меѓутоа, сите
знаеме дека Реал Мадрид е еден голем клуб, на некој начин комплицирано е за
фудбалерите со искуство да се навикнат на сето тоа, тоа дури повеќе е тешко за
21 годишни фудбалери за кого се платени 60 милиони евра, притисокот е огромен,
досега се борев, но тоа не донесе успех, се надевам дека ситуацијата ќе се
промени во иднина
“ додава тој.

Постои некоја
негативна атмосфера кога луѓето говорат околу мојата форма во Реал Мадрид,
меѓутоа јас верувам дека ќе им покажам на сите поради која причина сум тука

заклучи српскиот напаѓач.

Што се однесува
до Јовиќ, како и неговата форма, Зинедин Зидан се одлучи да му укаже шанса да
стартува од првата минута во убедливата победа кај Сарагоза во купот, меѓутоа
Србинот потфрли, а на негово место во 73. минута влезе токму Бензема, а потоа
на сцена настапи еден доста интересен статистички податок од мечот.

Иако Бензема во
игра на мечот влезе во 73. минута, и тоа на местото на Јовиќ, успеа да се
израмни по бројот на допири со топката со Србинот (16), за во 79. минута и да
ги постави конечните 0-4 за шпанскиот гигант.

Јовиќ инаку не доби прилика за настап во градското дерби со Атлетико Мадрид на домашен терен, каде „Кралевите“ славеа со голот на Бензема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани