Јован Манев ја напушти Адана

by Стефан
7 минути читање

Дефанзивецот Јован Манев по три години во дресот на турска Адана Демирспор ќе побара нов предизвик.

Манев на социјалните мрежи се заблагодари на Адана и потврди дека заминува. Во турскиот клбу македонскиот дефанзивец пристигна во 2022 година, а во меѓувреме беше и позајмен во Осијек.

Во кариерата 24-годишниот дефанзивец настапуваше само уште за македонските Брегалница и Осогово. Дресот на македонската репрезентација, Манев го носеше на седум натпревари во кои успеа да постигне и еден погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани