Фудбалската
федерација на Германија денеска соопшти дека на следните два меча на
„Панцерите“ главен ќе биде асистентот Маркус Сорг. Јоаким Лев по наредба на
докторите мора да мирува околу четири недели.
Од ФФГ не открија
детали и само порачаа дека Јоаким Лев морал да остане во болница поради
спортска несреќа.
Медиумите
пишуваат дека селекторот се повредил пред неколку недели, кога му паднал тег
врз градите. Тој во прв момент мислел дека не е ништо страшно, но поради
проблеми со циркулацијата морал да биде пренесен во Универзитетската клиника во
Фрајбург.
„Се чувствувам
добро, но морам да бидам поштеден во следните четири недели. Во постојан
контакт сум со мојот тренерски персонал, и комуникацијата ќе продолжи и во
следните денови. Маркус Сорг, Анди Кепке и Оливер Биров имаат големо искуство,
и сигурен сум дека заедно ќе го надминат овој проблем кој се појави“ – вели Јоаким
Лев.