208
Барселона продолжува со неетичката тактика да дојде до потписот на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид.
Од каталонскиот клуб прават јавен притисок за да дојдат до услугите на Аргентинецот. Последен кој се јави за збор е Ламин Јамал.
„Го чекаме него во Барса со отвоени раце. Хулијан е тип на играч со кој секој сака да игра, тој апсолутно перфектно би се вклопил во стилот на Барселона“, вели Јамал.
„Тој е топ фудбалер, сите го знаеме тоа. Се надевам дека ќе дојде кај нас“.
Ваквото агитирање на Јамал за доаѓање на Алварез, сигурно ќе предизвика реакција на Атлетико кој веќе ја обвини Барса за неетичко однесување во овој случај.