Јамал пука од самодоверба: Во Ла Лига сме главен фаворит, во ЛШ само еден клуб има поголеми шанси од Барса

by bojan
1 минути читање
Јамал

Младиот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал вели дека „каталонците“ се главен фаворит за триумф во Ла Лига, додека пак во Лигата на шампионите само Ливерпул има поголеми шанси.

Младиот Ламине Јамал во разговор со Мундо Депортиво кажа какви амбиции има во продолжението од сезоната.

„Уште од самиот старт велам дека мора да верувате во себе. И јас мислам дека ние сме најдобри и играме најдобро. Ги имаме најдобрите играчи, па ќе ја освоиме Ла Лига“ – вели напаѓачот.

„Што се однесува до Лигата на шампиони, таму има еден тим кој има поголеми шанси од нас – Ливерпул, тие завршија први на табелата“.

„Во Ла Лига, во моментов ние сме први и се зависи од нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани