Јаховиќ погоди од слободен удар, Македонецот во финишот ја потврди победата на Коњаспор (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Коњаспор обезбеди
голема победа од 2-0 од исклучително значење во битката за опстанок во елитниот
турски фудбалски шампионат, а стрелци во победата на домашниот табор над
Кајзериспор беа Самуел Ето и нашиот Адис Јаховиќ.

Македонскиот
бомбардер во 90. минута погоди од слободен удар за својот тим со тоа што ја
потврди победата за Коњаспор, а нашиот интернационалец во игра на средбата
влезе токму на местото на Ето во 72. минута.

class="twitter-video" data-lang="en">

%5Etfw”>pic.twitter.com/n5UPg9Xi5u

За Јаховиќ ова
беше 15 погодок сезонава, со што се наоѓа на третото место на листата на
стрелците во Турција.

Со 24 бода
Коњаспор е на претпоследното место на табелата во турската Суперлига, со три
бода помалку од Османлиспор, кој на 15 место е вон зоната на испаѓање, а како
за издвојување, денешниот совладан противник, Кајзериспор со 41 бод е на
петтото место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани