Изминативе денови често се пишува за иднината на Масимо Алегри и се верува дека стратегот ќе си замине од Торино по крајот на сезоната.
Па Јувентус е поврзува со неколку имиња, Зинедин Зидан и Антонио Конте се посочуваат како опции, а се шпекулира дека Андреа Ањели сонува за ангажман на Пеп Гвардиола и веќе бил остварен контакт со братот на тренерот на Манчестер Сити.
Новинарот на „Ил џорнале“, Лујџи Гелпа вечерва пренесе „бомба“ и соопшти дека Пеп Гвардиола има вербален договор со Јувентус за следните четири години.
„Дознав дека Пеп Гвардиола веќе има вербален договор со Јувентус за следните четири години. Се работи за истиот извор кој ми кажа дека Роналдо ќе пристигне во Јувентус. Ова ќе предизвика голем земјотрес“ – вели Гелпа.