75
Вили Кабаљеро
веројатно требаше да биде џокерот кој на Маурицио Сари можеше да му донесе барем за момент мирни денови во овој турбулентен период во Челси, но, во финалето од англискиот Лига куп проследивме
еден доста непристоен потег на Кепа Аризабалага.
Првиот голман на
Челси одби да излезе од теренот пред пенал серијата со Манчестер Сити, тој гест
го налути Сари, а Кабаљеро имаше не баш пријатен момент, чекаше крај аут
линијата, за потоа да се повлече.
Веројатно изразот
на лицето на Кабаљеро од таа ситуација доволно говори за тоа како се чувствувал
во таа незгодна ситуација за него, за Сари, како и општо за клубот кој сезонава пропушти можност да крене трофеј на Островот…