Издаден налог за апсење на фудбалер на Вест Хем поради банална причина

by
1 минути читање

29 годишниот
Роберт Снодграс, кој во јануари се пресели од Хал во Вест Хем во трансфер вреден
нешто над 10 милиони фунти, е обвинет дека управувал возило во кое еден од
патниците во раце држел бебе.

Во автомобилот
имало премногу патници за да биде сместено седиште за бебе, па бебето морало да
биде држено во реце од еден патник на задните седишта.

Инцидентот се
случил во април минатата година во Глазгов, а играчот оваа недела требал да се
појави на суд.

Сепак тој не
присуствувал на рочиштето, а кога од неговиот адвокат било побарано објаснување,
тој пред судот рекол: „Мислеше дека нема потреба да присуствува
.

На јавниот
обвинител не му се допаднала ваквата изјава, па веднаш побарал налог за апсење, кој бил издаден од
судот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани