Изборот падна на Хуанфран, но Барса ќе го купи под еден услов

by
1 минути читање

Барса е во
потрага на десен бек, а весникот Спорт денеска објави дека „Каталонците“ го
скратиле списокот на две финални имиња, Роберто Росалес и Хуанфран.

Каталонската
телевизија ТВ3 вечерва објави дека изборот паднал на играчот на Депортиво.

Хуанфран има
откупна клаузула од 8 милиони евра, Барселона е спремна да ја активира, но под
еден услов.

Лидерите на
клубот ќе го купат десниот бек само доколку постојат реални шанси за освојување на
титулата во Шпанија.

Па во зависност
од тоа какви ќе бидат резултатите на Реал Мадрид на гостувањата кај Валенсија и
Виљареал, како и резултатот на Барса на гостувањето кај Атлетико Мадрид,
„Каталонците“ ќе донесат конечна одлука на крајот од оваа недела.

Во моментов
„Кралевите“ се на врвот на табелата со еден бод повеќе од Барселона, но имаат и
два натпревари помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани