131
Откако го загуби
баражот против Шкотска на пенали и остана без настап на ЕВРО 2020, на Србија и
се закануваше испаѓање во Лига Ц. Сепак беше избегната нова бламажа.
Вечерва,
избраниците на Тумбаковиќ со 5-0 ја прегазија Русија и добија услуга од
Унгарија, која со 2-0 ја сволада Турција.
Радониќ прекрасно
погоди од врвот на шеснаесетникот за 1-0 во 10. минута, а Јовиќ со глава
реализираше за 2-0 во 25. минута од мечот. Влаховиќ во 41. минута смести една
одбиена топка во мрежата за 3-0 а пред
крајот на првиот дел, Јовиќ по втор пат се запиша во листата на стрелци.
Младеновиќ во 64.
минута ги постави конечните 5-0.