Италија конечно победи, Полска е првиот тим кој падна ранг подолу во Лигата на нации (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Полска и Италија
денеска играа меч кој не смеаја да го загубат бидејќи поразениот тим ќе останеше
закован на дното на табелата во Групата 3 и тоа ќе значеше преселба во Лигата Б
во следното издание на Лигата на нации.

Притисокот
особено беше врз Италија, „Аѕурите“ никако да влезат во ритам откако Роберто
Манчини седна на кормилото по елиминацијата од Шведска во баражот за мундијалот во
Русија, и веќе пет меча не знаеја за победа.

Италија сепак
одигра на потребното ниво, беше подобар противник и се радуваше на победа со
гол во 92. минута. По еден корнер, Лазања префли на подалечната статива каде
Бираги осамен ја смести топката во мрежата за голема радост.

„Аѕурите“ мораа
многу порано да ги осигураат трите бода, два пати ја погодија рамката од голот,
а имаа и уште неколку 100% шанси. Полска иако во поголемиот дел од мечот беше
во подредена улога, имаше свои прилики благодарејќи на грешките во одбраната на
Италија.

Резултати на останатите денешни мечеви од Лигата на нации:

Лига Б

Русија – Турција: 2:0

Лига Ц
Романија – Србија 0:0
Израел – Албанија 2:0
Литванија – Црна Гора 1:4

Лига Д
Азербејџан – Малта 1:1
Фарски Острови – Косово 1:1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани