Историски избор на ФИФА за судиите за полуфиналињата на СП

by 24 фудбал
1 минути читање

Одредени се судиите за полуфиналните натпревари на Светското првенство, а ФИФА довербата им ја укажа на Иван Бартон од Ел Салвадор и Исмаил Елфат од САД.

Бартон ќе ја дели правдата на првото полуфинале меѓу Франција и Шпанија. Искусниот 34-годишен арбитар веќе судеше три натпревари на Мундијалот, а ова ќе биде најголемиот предизвик во неговата кариера. Негови помошници ќе бидат сонародниците Давид Моран и Антонио Пуебла.

Вториот полуфинален натпревар меѓу Англија и Аргентина, кој ќе се игра во среда на стадионот „Мерцедес Бенз“ во Атланта, му е доверен на 44-годишниот американски судија Исмаил Елфат. Елфат на досегашниот тек од Светското првенство судеше на натпреварите Јапонија – Холандија, Уругвај – Шпанија и Бразил – Норвешка. Негови асистенти ќе бидат сонародниците Кори Паркер и Кајл Аткинс.

Со назначувањето на Бартон и Елфат, КОНКАКАФ за првпат ќе има свои судии во полуфинале на Светско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×