Обложувалницата „Моцарт“ официјално соопшти дека прилепчанец со влог од 910 денари, добил околу 550.000 евра за погодени резултати на натпревари. Овој маестро уште на 23 и 24 јануари годинава ги уплатил ливчињата, а среќните броеви ги заокружил дури еден месец подоцна на 21 февруари. Големината на премијата првенствено се должи на добиените “Моцарт бонуси” кои среќниот Прилепчанец ги искористил со тоа што должината на ливчињата била одиграна во повеќе парови со што му припаднал бонус во висина од повеќе од 50% од вкупната премија за исплата. Сето ова може да се потврди со самиот факт што само од овие добитни ливчиња на среќниот Прилепчанец, државата наплати во својот буџет околу 3,5 милиони денари на име на персонален данок на приход.
„Кладилниците Моцарт претставуваат стабилен систем на компанија која постои повеќе години во Македонија и се едни од ретките обложувалници, кои сосемa навремено ги исплаќаат сите премии кон своите корисници. Во исто време, допринесуваме директно и индиректно кон економијата на нашата држава и сериозно го храниме буџетот на РМ” – ни изјави Раководителот на маркетинг секторот, Васко Илијевски.
Она што ги прави лидери во својата сфера во Македонија е понудениот пристап на атрактивни содржини и можноста за фер игра. Индиректниот придонес кон нашата економија се потврдува со фактот што ревносно се почитуваат законските процедури и фискалната дисциплина, а на тој начин имаат можност да обезбедат работни места за повеќе од 400 луѓе на ниво на цела држава, бројка која многу често се зголемува со самото ширење на нивната мрежа. Повеќе од 400 семејства во Македонија ги покриваат своите животни трошоци како вработени во оваа компанија, а по основ на придонеси.
Моцарт Кладилници годишно уплаќаат околу 28 милиони денари кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување, како и во буџетот на РМ по основ на персонален данок за сите вработени. Од аспект на директниот придонес кон буџетот на РМ по основ на даноци, посебна давачка за игри на среќа и паушали за обезбедување на лиценца за работа, компанијата придонесува со преку 250 милиони денари на годишно ниво.
Квалитетот на нивните услуги како и сериозноста на компанијата се потврдува и со фактот што Моцарт кладилниците постојат уште од далечната 2001 година со што прераснаа во ланец на кладилници кои постојат во 6 различни земји во светот како што се Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кенија и Романија. Во сите 6 земји имаат повеќе од 1,000 уплатни места/објекти и преку 4,300 вработени, каде само во Македонија имаат повеќе од 100 уплатни места и таа мрежа постојано се шири и зголемува. Стручниот кадар на вработени, примената на светските искуства и знаења, современиот начин на работа и добрата организација се основните предуслови за остварување на резултати који ја водат оваа компанија по стабилни води.