102
Фенербахче со тешки сили
стигна до победа од 2-1 на домашен терен против Гезтепе во редовното коло од
турската Суперлига.
Солдадо беше херојот за
домаќините во самиот финиш, а по мечот настана голема мешаница која малку
недостасуваше да премине во физичка пресметка.
Македонскиот напаѓач од
редовите на Гезтепе, Адис Јаховиќ се „судри“ со словакот Мартин Шкртел, тие си
разменија по неколку зборови по што малку недостасуваше да дојде до физичка
пресметка, но на крајот беа разделени обете страни.
Не се познати причините
за оваа кавга помеѓу Јаховиќ и Шкртел, но би претпоставиле дека се работи за
ножичките кои Македонецот сакаше да ги изведе, во што настрада главата на рускиот
дефанзивец Рамон Нојштадтер.
class="twitter-video" data-lang="en">
Инаку, нашиот
интернационалец од редовите на Фенербахче, 18 годишниот Елиф Елмас мечот го
проследи од клупата за резервни фудбалери и не доби прилика за докажување. Јаховиќ ги одигра сите 90 минути за гостинскиот табор.