164
Иско не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и сака да го напушти клубот, но нејасно е дали ќе добие зелено светло од Зидан.
Арсенал има потреба од креативен играч во средниот ред кој ќе создава шанси. Го имаат Озил, му ја даваат најголемата плата во клубот, но не го играат, а се верува дека и во вториот дел од сезоната Артета нема да смета на него.
Наместо тоа ќе се обидат да го донесат Иско. Арсенал сака да го добие на позајмица до крајот на сезоната со опција во летниот преоден рок да го откупи целосно.
„Јасно е што ни треба. Потребен ни е креативен играч од средниот ред. Го немаме тоа во составот во моментов“, изјави директорот на Арсенал, Еду.