Иско се огласи по големиот број на шпекулации за заминување од Реал

by
1 минути читање

Шпанецот не
добива голема минутажа, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во
место, па често се говори за негово заминување од Сантијаго Бернабеу.

Дури се шпекулира
дека Иско би можел да се пресели во редовите на лутиот ривал на Реал Мадрид,
Барселона.

По вчерашниот
дуел со Еспањол, на кој Иско беше еден од најдобрите играчи со две асистенции,
репрезентативецот на „Црвената Фурија“ ги прокоментира големиот број на
гласини.

„Јас сум спокоен,
но да, ме загрижува малата минутажа
– вели Иско во разговор со беИН Спортс. „Кариерата на фудбалерите е
мала
.

„Среќен сум тука
и би сакал да останам уште многу години
.

„На крајот од
сезоната ќе донесам одлука, се работи за мојата иднина
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани