Плејмејкерот на
Реал Мадрид, Иско, наводно не е во добри односи со својот нов тренер, Сантијаго
Солари, пишува дел од шпанскиот печат.
Кадења Копе тврди
дека шпанскиот репрезентативец дури и одбил да се ракува со аргентинскиот
стратег по убедливиот пораз кај Еибар во Примера, каде Иско доби прилика за
настап во 63. минута, влегувајќи на местото на Модриќ, во ситуација кога се’
беше решено.
Веднаш по тој
меч, Иско дури и беше изоставен за дуелот со Рома во Лигата на шампионите кој
Кралевите на Олимпико во Рим го добија, па мечот го проследи од трибините.
Се шпекулира дека
Иско е незадоволен поради тоа што Хулен Лопетеги си замина од клупата на
гигантот, а веќе извесен период за неговите услуги интерес пријавуваат Јувентус,
Наполи и Манчестер Сити, клубови кои под будно око ја следат ситуацијата со
фудбалерот.