Лацио со шест победи во низа во Серија А пристигна во Милано, но загуби со 3-1 од Интер. Одбраната на „бјанкочелестите“ не можеше да се справи со Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.
„Секако дека жалиме, можевме да си заминеме со подобар резултат. Го имавме поседот на топката, два пати повеќе додавања од нив, па секако дека жалиме што загубивме со 3-1“ – вели Пипо Инзаги.
„Кога се вративме во игра, не смеевме да дозволиме веднаш да примиме трет гол и тоа на контра“.
Интер поведе од пенал, гостите негодуваа и сметаа дека нема доволно контат за најстрога казна, но ВАР и повторените снимки покажаа дека одлуката е исправна.
„Пеналот ми изгледаше прилично сомнителен, но кога ги гледате повторените снимки, можете да забележите дека има контакт. Момците беа вознемирени бидејќи судијата беше прилично убеден и по три секунди покажа на белата точка. Преферирам судијата се упатеше крај аут-линијата и на мониторот уште еднаш да ја погледнеше убаво целата ситуација“.
„Подобро да изгубиме на контра отколку со таков пенал, доминиравме на теренот и пеналот ја промени целата атмосфера“.