Инзаги се прости од Интер и особено им се заблагодари на навивачите: Никогаш нема да ве заборавам

by bojan
1 минути читање

Симоне Инзаги се прости од Интер, тренерот порача дека го дал максимумот и особено им се заблагодари на навивачите за поддршката која ја добивал.

Симоне Инзаги и Интер попладнево се договорија да тргнат по различни патишта, стратегот ќе го преземе кормилото на Ал Хилал, а „нероаѕурите“ наскоро ќе именуваат нов тренер.

„Интер и Симоне Инзаги се разделуваат, оваа одлука беше донесена на взаемна согласност на состанокот кој се одржа пред малку“ – гласеше соопштението на клубот од „Меаца“.

Кратко потоа беше објавено и писмо од тренерот, кој порача дека го дал максимумот изминативе четири години и особено им се заблагодари на навивачите за поддршката која ја добивал.

„Драги нероаѕури“ – започна пораката на Инзаги.

„Дојде време да се простам со овој клуб по едно четиригодишно патување, во кое дадов сè од себе“.

„Секој ден, мојата прва и последна мисла беше посветена на Интер. Бев пречекан со професионалност и страст од страна на играчите, раководството и секој вработен во клубот“.

„Шесте освоени трофеи, вклучувајќи го и Скудетото со втората ѕвезда, како и болката од Лигата на шампионите во 2023 и таа од пред само неколку дена, се доказ за тоа колку мојата работа беше поддржана од мојот тим и секој член на Интер“.

„Им се заблагодарувам на акционерите за довербата која никогаш не изостана, на претседателот и неговите соработници за нивната секојдневна помош и комуникација“.

„Особено сакам да испратам последен збор до милионите „црно-сини“ навивачи кои ме поддржуваа, кои страдаа во тешките моменти и славеа во шесте трофеи кои ги освоивме заедно“.

„Никогаш нема да ве заборавам. Форца Интер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани